Левица: Повеќе наши членови се повикани на „информативен разговор“

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Таткото на македонската нација Гоце Делчев, повеќе членови на нашиот Централен комитет, без никаков повод и причина, утрово координирано се повикани на „информативен разговор“ во полициските станици ширум Македонија, велат од политичката партија Левица.

– Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одамна ставени во служба на неоврховизмот, продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левица, како единствена антифашистичка Партија со теренска поддршка, бидејќи целта е да се задуши народниот антифашистички порив, велат од Левица.

Наместо репресијата врз сопствениот народ, Министерството на Спасовски ги штити фашистите како Ангел Џамбаски, кога доаѓаат во Македонија, да ни ја негираат посебноста и да артикулираат иредентистички политики. Тоа што не го разбираат овие политичари-полтрони е дека борбеноста која се содржи во македонскиот народ не може да биде угнетена преку ваквите подли методи својствени за хибридните режими! Тоа го прават затоа што и тие како нас знаат дека, на крајот, сепак ние ќе победиме, се вели во партиското соопштение на Левица.

Претходна вестЌе се набави терапија за 30 пациенти со цистична фиброза
Следна вест26-годишно момче пронајдено починато во када