За две недели населбата 11 Октомври-згради ќе добие паркинг за стотина возила

Со изградба на нови паркинзи на три локации во урбаната заедница 11 Октомври – згради, започна општина Кисела Вода. Лоцирани на улиците „Ѓорѓи Сугаре“ и „Михаил Чаков“, во непосредна близина на трим-патеката, ќе отворат можност за паркирање стотина возила.

Градоначалник на оваа скопска општина Орце Ѓорѓиевски соопшти дека организацијата на сообраќајот во мирување е од исклучително значење за квалитетот на одвивањето на целокупниот сообраќај. Од таа причина интензивно се работи на обезбедување локации за изградба на соодветен паркинг-простор во општина Кисела Вода.

-Минатата година ја затворивме со 7 нови локации за паркирање на речиси 500 возила и оваа година, во согласност со ветувањата, ќе изградиме најмалку уште толку паркинзи. Денес, почнуваме со изградба на паркинзи на три нови локации во урбаната заедница 11 Октомври – згради, кои треба да бидат готови за две седмици. Со ова, се отвораат нови 100 паркинг-места, што значи намалување на сообраќајниот метеж во овој густо населен дел на општината. Изнаоѓањето вакви и слични сообраќајни решенија ќе продолжи со несмален интензитет и во периодот што претстои, рече Ѓорѓиевски.

 

 

Претходна вест26-годишно момче пронајдено починато во када
Следна вестОрбан предвидува победа за Русија