Темен режим Режим на светлина

Сончево со мала облачност и умерен ветер

На подрачјето на Македонија денеска наутро ќе има слаб локален снег претежно на североистокот, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Температурата ќе достигне до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 9 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Петнаесет казни за минување на црвено, 12 за возење без дозвола...

Следна објава

МВР: Барањата за промена на регистарските таблици се поднесуваат во овластени станици за технички преглед