Студенти кои биле под кирија во скопската населба Аеродром биле нападнати и ограбени.
Во средата, во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.01.2023 околу 4.30 часот три лица со употреба на сила влегле во стан на подрачјето на Аеродром, каде престојувале Х.М.(23) од Прилеп, С.Ј.(22) од Струмица и Д.А.(21) од Велес, физички го нападнале Х.М. и со закана од тројцата одзеле мобилни телефони.
Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





