Лекот „трикафта“ за цистична фиброза прво ќе го добијат осум пациенти, а потоа другите

Осум пациенти со потешка форма на цитична фиброза први ќе го добијат лекот „трикафта“ што наскоро ќе биде набавен. Ова денеска го најави министерот за здравство, Беким Сали кој додаде дека потоа ќе се прават напори за набавка на лек на 30 пациенти во текот на оваа година.

-Се надевам дека во најскоро време, со сите потребни измени на закон за јавни набавки и останатите закони поврзани со набавка на лекови и обезбедување на финансиски средства ќе обезбедиме терапија за овие пациенти, изјави министерот Сали на денешната прес-конференција по завршување на работниот состанок со министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Тој објасни дека ќе се најде решение овој лек да се набави за оние кои имаат потреба а набавката ќе биде директно преку производителот. Тоа бара потреба од измени на неколку Закони а што ќе се иницира во Собранието.

– Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена. Имаме првични информации за цената на еден третман за еден пациент на годишно ниво, меѓутоа останува финалната цена да ја добиеме од производителот, појаснува министерот за здравство.

Појаснувајќи зошто само одреден број пациенти сега ќе добијат терапија, Сали вели дека се оди според итноста на пациентите.

-За сега има осум пациенти во потешка форма, за тие се иницираше овој лек, но увидовме дека уште 22 пациенти се веќе во таа фаза на средно тешка состојба и ние првичниот пакет го иницираме за 30 пациенти. Потоа, користејќи ја оваа можност за директни преговори за можност за симнување на максимална цена на лекот од страна на производителот, изјави тој.

Претходна вестЏордан лани заработил два ипол пати повеќе отколку во целата своја кариера
Следна вестЌе им веруваме ли дека идната школска година ќе има учебници?