Битолското јавно обвинителство денеска информираше дека издало наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Битола, осомничен за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија. Како што соопштуваат од Обвинителството, случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.
Осомничениот, кој во критичниот период бил вработен во образовна установа, на домашни компјутерски уреди набавувал и поседувал материјали со детска порнографија.
Постапката е резултат на предистражни дејствија и претресите што вчера беа вршени во неколку македонски градови. Од обвинителството соопштија дека продолжуваат проверките, со цел целосно расчистување на сите идентификувани случаи поврзани со оваа меѓународна истрага.
За осомничениот битолчанец, се бара притвор.



