Темно Режим Светло Режим

40 казни за возење без дозвола: Се откажуваат ли граѓаните од полагање возачки испит или самоволно вежбат по скопските улици?

Сообраќајна полиција вчера  на скопското подрачје открила дури 40 возачи кои управувале со автомобил без возачка дозвола. Тоа е несекојдневно голема бројка во споредба со изминатиов период кога се откривани по десетина вакви случаи. Ова го поставува прашањето дали граѓаните се повеќе се откажуваат од полагање на возачки испити и се решаваат да ги возат автромобилите без дозвола? Или, пак, полицијата ги открива слуачеви во кои канидатите за полагање на возачки испит самоволно си возат автомобили вежбајќи за испит по скопските сообраќајници?

Инаку, на територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции. Имало и 40 мерки за возење без возачка дозвола како и 18 санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 12 мерки за возач почетник, седум санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас…, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Студеното утро ќе го замени сончев и топол ден

Следниот Пост

Македонски државјанин ќе одговара во Пула за неукажување помош на нападнатото лице