953 возачи казнети за брзо возење, се возело и 70 километри на час повеќе од дозволеното

Возење со десетици километри побрзо од максимално дозволената брзина вчера беше многу чест сообраќаен прекршок што го правеле возачите во сообраќајниците во земјава. Иако беше недела голем дел од возачите ја искористиле намалената фреквенција за да дивеат по сообраќајниците возејќи пребрзо. Но, сето тоа во голем дел го санкционирале полициските патроли.

-Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 953 возачи. Од нив 64 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 500 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 453 надвор од населено место, соопшти полицијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, нагласуваат од МВР.

Претходна вестАнализа на 199 примероци покажала дека скопската вода е безбедна за пиење
Следна вестДобро е, МЗТ почна да победува во АБА-лигата