Петличковски: Донесовме препорака да се укинат сертификатите за влез во моловите

Препорака делумно да се укине мерка на задолжително поседување на сертификати за примени вакцини против корона вирусот денеска донела Комисијата за заразни болести. На прес-конференцијата по седницата, претседателот Александар Петличковски изјави дека се препорачува укинување на сертификатите.

– Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите. Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите, но секако за следниот развој ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите мерки да постигнеме неочекувани резултати, рече Петличковски.

Тој одаде дека ова е еден чекор во насока на олеснување на рестриктивните мерки.

о, ќе бидеме многу внималелни во следниот период бидејќи не сакаме да постигнеме негативен ефект. Размислуваме и разговараме како полесно да стигнеме до целосно олеснување на рестриктивните мерки, рече Петличковски.

Мерката нема да важи за влез во угостителските објекти. Ковид сертификати ќе бидат потребни и за влез во одделите за храна кои се наоѓаат во моловите, бидејќи таму, според епидемиолозите сепак се вадат маските.

Во Комисијата денеска не се разговарало за укинување на маските во училиштата.

Од денеска почнува кампања за закажување термини за сите оние кои имаат нецелосна вакцинација, односно тие што немаат примено бустер доза, а спаѓаат во ризичните групи.

– Ризични групи граѓани, односно оние кои имаат над 65 години и имаат коморбидитети или помлади од 65, а имаат повеќе коморбидитети. Ќе им стигне СМС порака која ќе ги извести дека треба во точно одреден термин да го посетат пунктот за да бидат вакцинирани, информираат од Комисијата.

Претходна вестСе потешки битки, украинско-руските преговори продолжуваат вечерва  
Следна вестМаските во училиштата остануваат – тие спречувале да се шири вирусот