Со СМС пораки ќе се известуваат граѓаните кога и каде може да се вакцинираат

Комисијата за заразни болести денес најави дека почнува акција за зголемување на процентот на вакцинирани кај нас.

Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ, најави дека од денес почнуваат кампања со која на сите невакцинирани лица или нецелосно вакцинирани кои имаат заболувања и се во ризична група граѓани, ќе им биде одреден термин за вакцинирање.

Тоа се групи граѓани кои се на возраст над 65 години и имаат коморбидитети и оние кои се помлади од 65 и имаат поголем број коморбидитети. Кај овие граѓани ќе стигне СМС-порака која ќе ги извести дека треба во точно одреден термин да го посетат точно одредениот пункт за вакцинација каде што ќе можат да бидат вакцинирани.

Во високоризичната ризичната група граѓани, според податоците од „Мој термин“ спаѓаат вкупно 260.000 граѓани. Половина од нив не се целосно вакцинирани, а останатите немаат бустер-доза.

Одсивот на вакцинирањето, Комисијата најави дека ќе биде основа за понатамошно олабавување на мерките.

Претходна вестИстражување: За 60 проценти од населението во Македонија заканата од корона вирусот е претерана, секој втор не верува во ефикасноста на вакцините  
Следна вестВладата досега не одлучувала за ниту една препорака на новата Комисија за заразни болести