Над 200 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (2.3.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач. Од нив, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 96 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Претходна вестГрадот Скопје со хуманитарна помош од 112.000 евра за граѓаните на Украина
Следна вестMилановиќ: Во ред е да се бара членство на Украина во ЕУ, но пред тоа мора да почнат преговорите со Македонија и Албанија