Камион се преврте откако удрил во наплатна рампа која се гради кај Кадрифаково

Сообраќајна несреќа во светиниколско. Имено, натоварен камион утрово удрил во наплатана рампа во изградба кај светиниколското село Кадрифаково на автопатот Скопје – Штип.

Од силината на ударот камионот се превретел, а товарот кој го носел се растурил наоколу. Се уште не се познати причинита за оваа сообраќајна несреќа. Не е познато каква е задравствената состојба на возачот кој управувал со камионот ниту пак се знае дали во кабината имало и сопатници.

Полицијата е излезена на терен и врши увид. 

Претходна вестЗа Русија пожарот во нуклеарната централа е провокација од Киев, Кина повика сите страни да ја гарантираат безбедноста
Следна вестВладата: Трговците со нафта да не ја ограничуваат количината, а граѓаните да не прават резерви гориво