Темен режим Режим на светлина

ОЈО гони воспитувачка од градинка во Автокоманда која му ја дупна главата на дете со лажица

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против нвоспитувачка во градинка која удрила дете и го повредила.

Таа се товари за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а од Кривичниот законик.

Настанот се случил на 1 сепрември лани, кога 48-годишната воспитувачка во градинка во Автокоманда, додека го делела ручекот за децата во групата, со метална супена лажица го удрила детето по главата, нанесувајќи му телесна повреда – нагмечно-расцепна рана на темето, информираат од Јавното обвинителство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Обвинение за воспитувачка која со метална лажица удрила дете по глава

Следна објава

Владата попладнево на разговори со пензионерите за покачување на пензиите