Темен режим Режим на светлина

Нема веќе бесплатен паркинг за функционери, во Аеродром зонско паркирање на уште неколку локации

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска кажа дека времето кога функционерите го злоупотребувале јавното претпријатие и користеле бесплатен паркинг заврши. Најави дека ЈП „Градски паркинг“ мора да биде сервис на граѓаните и да работи домаќински во интерес на сите граѓани.

Градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски најави дека во соработка со Град Скопје и Општина Аеродром, се воведува зонско паркирање на неколку локации на територија на општината, за што реализирани се теренски посети, средби со граѓани, а од страна на општина спроведена е и анкета за изразување интерес.

-Предвидени се локации за организирање на зонско паркирање во делот на стар Аеродром – поточно реонот на левата страна од ул. „Владимир Комаров“, кај Поликлиника Јане Сандански и реонот долж улицата „Симеон Кавракиров“”, истакна Муцунски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Османи: Настанот во Битола беше провокација, затоа не учествувавме

Следна објава

Нови 133 заразени, еден починат