Горивата поевтинуваат од 2,5 до 3 денари

Одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39 отсто од ноќеска на полноќ денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,085 ден/кг и сега ќе изнесува 51,564 ден/кг.

Со ова од ноќеска на полноќ Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 105,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 108,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 101,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 99,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 51,564 (денари/килограм).

Претходна вестАрсовска му порача на Таравари кадровските решенија да си ги поставува во Гостивар
Следна вестЏонсон поднесе оставка на чело на конзервативците, премиер ќе биде додека да се избере новиот лидер