Темен режим Режим на светлина

Началникот на полската полиција примил „подарок“ од шеф на украинска служба, пакет кој експлодирал

Полскиот генерален инспектор на полицијата Јарослав Шимчик заврши во болница, откако подарокот што го доби во Украина ненадејно експлодираше, се вели во владиното соопштение. Вчера во 7 часот и 50 минути дошло до експлозија во просторијата до канцеларијата на началникот на полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Полска.

Си-Ен-Ен јавува дека за среќа повредите биле полесни.

– За време на работната посета на началникот на полицијата на Украина од 11 до 12 декември годинава, каде што се сретна со шефовите на украинската полиција и службите за вонредни ситуации, добил неколку подароци, од кои едниот експлодирал, се додава во соопштението.

Во истото се наведува дека подарокот бил од еден од шефовите на украинските служби. Полска побара од таа земја да разјасни што се случило се вели во соопштението.

Шимчик беше хоспитализиран, јавува Си-Ен-Ен. Со полесни повреди се здобил и вработен од Полициската управа, но не му била потребна хоспитализација, се вели во соопштението.

Инцидентот уследи по серијата сомнителни пакети испратени до украинските амбасади низ Европа, поради што Киев ги стави сите свои дипломатски претставништва под зголемено обезбедување.

Украинските амбасади во Унгарија, Холандија, Полска, Хрватска, Италија, Австрија, како и генералните конзулати во Неапол и Краков добиле сомнителни пакети, изјави Олех Николенко, портпарол на украинското Министерство за надворешни работи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Анкета ИПИС: За ВМРО -ДПМНЕ би гласале 19,7 отсто , а за СДСМ 12,9 проценти од граѓаните

Следна објава

Двегодишно дете проголтано и исплукано од нилски коњ