Темен режим Режим на светлина

Карамбол во Тетово: Повредени четири лица во сударот меѓу три возила

Синоќа во Тетово дошло до сообраќајна несреќа меѓу неколку возила, при што повредени се четири лица.

-Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички моторни возила:„бмв” со тетовски регистарски ознаки управувано од Е Б.(21) од тетовско Селце, „ауди” со скопски ознаки што го управувал Б.Л.(35) од Република Албанија и „бмв” со германски ознаки управувано од Е М.(44) од гостиварски Градец. Во несреќата, четири лица здобиле телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, по што биле пуштени на домашно лекување, информираа СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа на тетовската полиција.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Со строг пост се слави Водокрст, денот кога се осветуваат водите

Следна објава

За Бејта Груби е тенекија, тој му посака добро здравје