Темен режим Режим на светлина

Од 1 февруари праќање писмо наместо 25 ќе чини 36 денари

Од 1 февруари поскапуваат стандардните поштенски услуги во внатрешниот сообраќај на АД Пошта со одобрение од Агенцијата за пошти како регулаторно тело. Регулираниот поштенски оператор веќе го објави новиот ценовник на својата веб-страница. Во просек, цената на услугите се зголемува за 6,28 отсто.

Писмото до 50 грама од 25 денари од следната среда поскапува на 36 денари. И препорачаната цена поскапува и таа сега изнесува 90 денари – цена што е многу повисока од претходната. Писмото до 100 грама сега наместо 34 денари, ќе биде 48 денари. Поскапуваат и писмата до 250 грама од 48 на 60 денари.

Се зголемуваат и цените на услугата препорачано. Се намалува цената на писмата од 250 до 2.000 грама. Поскапува поштенската картичка од 9 на 16 денари. Се укинува и цената од првата зона за испраќање пакети и ќе важат само цените од втората зона.

Од Агенцијата за пошти велат дека профитната маржа на АД Пошти со зголемувањето на цените и натаму ќе биде 1 отсто и дека ценовникот не е променет од 2009.

Овие услуги биле секаде поскапи во регионот, освен некои во Србија. При одобрувањето на новиот ценовник биле земени во предвид инфлацијата, зголемените трошоци за струја од над 40 отсто, на гориво од 30 отсто и потребата од стабилни плати во АД Пошта.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

6-годишно девојче фрлајќи со портокали ја бранело својата мајка од нејзиниот поранешен партнер

Следна објава

Научно истражување: Мравките можат да намирисаат канцер