Темен режим Режим на светлина

Само од општина Кавадарци 36 ученици во второто полугодие, се испишале и заминале во странство

Триесет и шест ученици само од општина Кавадарци оваа учебна година, во второто полугодие, се испишале и заминале во странство.

Оваа информација е добиена како одговор од Секторот за образование и спорт при кавадаречката локална самоуправа, на прашање од советникот Круме Богевски, во рамки на седница на Совет на општината.

Во оваа бројка влегуваат 30 ученици од основните и шест од средните училишта. Во оваа учебна година, во основно образование се запишале 3.129 ученици. Во средно образование, 1.428 средношколци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Пратеничките групи утре ќе добијат предлог за амнестија на осудените за 27 април

Следна објава

НАСА и Пентагон прават ракета за патување до Марс