Инвестициите во раниот детски развој кои овозможуваат поттикување на интелектуалните способности, го стимулираат логичкото мислење и ја подобруваат моториката се неопходност која е влог во интелектуалниот, општествениот и емоционалниот напредок на децата, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода.
Ѓорѓиевски истакнува дека продолжуваат со уште поголем интензитет да работат на унапредување на условите за децата од предучилишна возраст.
-Денес, објектите на ЈДГ „Весели Цветови“ во Кисела Вода ги опремивме со играчки и дидактички материјали. Обезбедивме и нови постелини и кујнска опрема, а паралелно правиме и инфраструктурни подобрувања секаде каде што има потреба.
Објектот „Сончоглед“ во кој денес се наоѓаме, после половина век добива и нови енергетско-ефикасни прозорци, а вакви зафати кои на директен начин влијаат на подобрување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование, се планирани и во другите градинки на територија на општина Кисела Вода.
Јавниот систем на воспитување и едукација го градиме на високи стандарди, нешто што предучилишните институции кои се под надлежност на нашата општина секако ќе им го овозможат на нашите најмлади жители, истакнува Ѓорѓиевски.



