Состојбата на реката Вардар е кај скопското село Зелениково е стабилна и нема опасност од излевање на водата кон куќите, изјавија денеска од Центарот за управување со кризи. Загриженоста се појави откако во изминативе денови дојде до покачувањето на водостојот на Вардар.
Центарот за управување со кризи побара намалување на истекот на Козјак и Матка по добиените известувања дека Вардар се излеа во реонот на Зелениково и зафати 15 до 20 метри од нивите.
По ова, АД ЕСМ, соопшти дека хидроелектраната Св.Петка е исклучена, а во ХЕЦ Козјак е оставен да работи само еден агрегат со цел да се намали нивото на реката Вардар.
Во координација со ЦУК,во АД ЕСМ е пристапено кон промена на режимот на работа на хидроелектраните во склоп на хидросистемот Треска. Намалено е производството на електрична енергија од хидроелектраната Козјак, каде е оставен во функција само еден агрегат, додека хидроелектраната Св.Петка е надвор од употреба. Не работи и хидроелектраната Матка која е во сопственост на ЕВН.
Оттаму додаваат дека намалувањето на производството во дел од хидроелектраните нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија и ќе се дополни преку останатите производни капацитети. Во текот на ноќта се очекува стабилизирање на дотоците, се наведува во соопштението




