Возење и истовремено зборување на мобилен телефон и натаму е чест прекршок кај возачите на скопското подрачје. Вчера, речиси секој десети прекршок бил од оваа причина. Полицијата поради ова ги казнила вкупно 14 возачи.
Инаку, на територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции.
-Имало и 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло). Изречени се и пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири санкции за возење под дејство на алкохол…, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




