Повреден маж пронајден во центарот на Скопје

Mаж со повреди по телото бил пронајден на ул. „Македонија“. Тој бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

– На 24.01.2023 во 19.41 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека кај зградата на „Технометал Вардар“, на ул.„Македонија“, било пронајдено едно машко лице со повреди по телото. Лицето било пренесено во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, информира МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестСкопјанец пронајден мртов во неговиот дом
Следна вестСредовечни жени се степале во центарот на Скопје