Темен режим Режим на светлина

Кавадарци ќе добие спомен куќа за 12 Ваташки младинци

Изградба на спомен куќа во чест на 12 Ваташки младинци и фонтана и постојка во кружен тек Сашко Гешовски со партерно уредување. Ова се само дел од проектите што денеска ги најави кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Масакр во Ваташа е крвав настан кој се случил на 16 јуни 1943 година кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа во близина на Моклиште кај месноста „Чаир“, на 2 км оддалеченост од Ваташа. Колежот го извршила бугарската војска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија. Ова беше еден од најголемите злочини во времето на Втората светска војна во Македонија.

Сашо Гешовски бил првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ. РОден во Кавадаерци 1971 година тој бил застрелан на 6 мај 1991 година додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.

Инаку, во просториите на локалната самоуправа Кавадарци, денеска за прв пат јавно беше презентиран планот за јавни набавки на Општината, пред претставници на компании. Со единствена цел, како што нагласи градоначалникот Митко Јанчев, транспарентност, отчетност и поголемо запознавање на компаниите, заради подобар квалитет и конкурентност при јавните набавки.

Презентирајќи го годишниот план за јавни набавки на Општината, Јанчев информираше дека годинава се предвидени 92 постапки за јавни набавки.

– Проценетата вредност на постапките за доделување на договор за јавни набавки изнесува 227.808.645 денари со ддв, соопшти градоначалникот Митко Јанчев.

Јанчев рече дека општината Кавадарци се труди да ја подобри транспарентноста со нови начини на работа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Мистериозен феномен: Камења што растат, се движат и се размножуваат

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Четири лица повредени, меѓу нив и малолетник, тешка сообраќајка во скопско Ѓорче Петров