Темен режим Режим на светлина

Евроамбасадорот Гир за заканата на Џамбаски: Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за шеф на суверена држава

Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки, оцени денеска Ричард Гир, евроамбасадорот во Македонија. За вчерашните индиректни закани за атентат кон претседателот Стево Пендаровски, кои беа упатени од европратеникот Ангел Џамбаски, Гир вели дека може да се протолкуваат како закана, но и дека тоа апсолутно не го претставува ставот на ЕУ

-Тоа не ги одразува вредностите на кои е основана ЕУ. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на суверена држава, изјави денеска  Гир.

Тој додаде дека тврдењата на пратеникот во Европскиот парламент Ангел Џамбаски, а кои се однесуваат на територијални претензии, не ја претставуваат и не можат да ја претставуваат ЕУ. Гир потестува дека Европскиот парламент и бугарското Министерство за надворешни работи се оградија од овие тврдења на Џамбаски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
150 македонски граѓани се обратиле за помош во амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Софија потклекнува пред провокациите на оние кои не сакаат позитивни односи

Следна објава

Девојка донесена на клиника во Скопје, дечкото ја претепал и пукал во неа