Бугарија не планира по инцидентот во Охрид да стави вето за преговорите за членство на Македонија во ЕУ бидејќи како што велат од Софија македонските преговори за членство реално не се ниту започнати. Околу ова вчера зборуваше бугарскиот претседател Румен Радев, а денеска и министерот аа надворешни работи Николај Милков.
Радев вчера најави активирање на сите европски механизми за да се ставел крајот на „антибугарска омраза и хистерија“.
– РСМ се уште ја нема отворено вратата од просторијата каде што се водат овие преговори, а очекувам институциите кај нашиот сосед да докажат не само дека не се дел од антибугарската кампања. Ова веќе не е доволно – високо е време да докажат дека активно се борат пред неа, рече Радев.
Слично на ова и министерот Милков денеска рече дека Бугарија не може да стави вето.
-Не може да се стави вето на преговорите на РСМ со Европската Унија, со оглед на тоа што тие не се ниту почнати. Јас не сум поддржувач на ветото, но Бугарија секогаш има право на глас, додаде тој во изјавата за Бугарската национална телевизија.
Какви ќе бидат понатамошните реакции на бугарските званичници останува да се види.





