Темен режим Режим на светлина

Советот на Град Скопје не одобри задолжување од 10 милиони евра за нови автобуси

Со 15 гласа „за“, еден против и 18 „воздражни“, советниците на Град Скопје, на денешната седница, не го поддржа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со кредит кај домашна банка, за набавка на 50 нови еколошки автобуси за градскиот сообраќај.

Советничката група на ВМРО-ДПМЕ со коалициските партнери соопшти дека тие нема да го поддржат предложеното задолжување без да се знаат условите.

-Нема да поддржиме задолжување без да се каже колкава е каматната стапка, каков е грејс периодот и условите за тоа. Арсовска нема информации какви автобуси ќе набавува, на каков погон. Дали Арсовска е сигурна дека со 10 милиони евра може да се купат 50 еко автобуси? Слепа поддршка за ново задолжување дадоа фолирантите од Левица, криминогената ДУИ, и уценетата ГРОМ, а причините зошто се дава слепа поддршка е затоа што се работи за богато корумпирана структура која крева раце за се што е потребно, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Советниците од СДСМ беа воздржани, а појаснија дека не можат позитивно да гласаат за овој предлог, затоа што не гледаат економска оправданост на кредитот. Бараа информации на колку време ќе се исплаќа и како ќе бидат потрошени парите.

-Од каде ќе се набавуваат автобусите, дали од фирмата која ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски?, прашаа тие.

Речиси сите советници се согласија дека ЈСП има потреба од нови автобуси и дека возниот парк треба постојано да се обновува, а го поздравија и еколошкиот елемент, но укажаа на фактот дека градскиот сообраќај на Скопје се одвива според стари податоци. Затоа, советничката Драгана Велковска смета дека прво треба да се направи студија која ќе покаже каде има потреба од воведување нови линии или редуцирање на одредени, каде поминуваат премногу автобуси, а нема доволно патници. Советникот Горјан Јовановски рече дека оваа одлука треба да ја донесат како заклучок, за кој повторно би се гласало кога ќе ги имаат понудите од банките.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Девојка донесена на клиника во Скопје, дечкото ја претепал и пукал во неа

Следна објава

Мицкоски: Ахмети да каже колку стотици милиони евра е зголемено богатството на неговата фамилија