Темен режим Режим на светлина

Четири лица повредени, меѓу нив и малолетник, тешка сообраќајка во скопско Ѓорче Петров

Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Синоќа во 21.50 часот во МВР е пријавено дека на крстосница од улицата „Ѓорче Петров“ и станбена улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу „опел корса“, управувано од Б.С.(36) од село Матка, скопско и „мерцедес“ управувано од Б.Д.(40) од село Горно Свиларе, скопско.

– Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, М.Д.(73) и малолетник од Горно Свиларе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Кавадарци ќе добие спомен куќа за 12 Ваташки младинци

Следна објава

Акција на италијанската полиција против мафијата, запленети 250 милиони евра