Скопјанец претепал и заклучил во неговиот дом жена која одбила да има секс со него

Против 60-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела – Тешка телесна повреда. Тој повикал на кафе кај него дома жена и започнал да ја допира, кога жената му рекла д ги тргне рацете тој физички ја нападнал.

– На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе една оштетена жена и започнал да ја допира. Кога оштетената го одбила и му кажала да ги тргне рацете од неа, осомничениот започнал физички да ја напаѓа и да ја удира со тупаници и клоци по главата и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – фрактури на носот, набиеници и хематоми. Потоа ја заклучил во неговиот дом за да не може да излезе и ја држел таму до следниот ден, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму потенцираат дека надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Претходна вест Европарламентот ќе му одржи лекција на Џамбаски или уроците за демократија се само за Македонците?
Следна вестДали Заев ќе му одговори на пријателот Борисов околу „гневот“?