Осуммината македонски ученици и нивниот наставник кои престојуваа во загрозениот регион на Турција за време на страотниот земјотрес, утрово се вратени во Македониија. Сите се во добра здравствена состојба.
– По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор. Денес се вратени дома, велат од македонското МНР.
Во Турција нема нови информации за повредени македонски државјани на кои им е потребна асистенција, сепак нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.