Малолетник бил прегазен вчера, при што се здобил со тешки телесни повреди. По несреќата возачот побегнал, а полицијата трага по него.
Вчера вo 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.15 часот на ул.„Лука Геров” во Скопје патничко моторно возило удрило во малолетник и го напуштило местото, информираат од МВР.
Малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.