Скопјанец украл 450 литри гориво пред една година, уапсен вчера

Скопјанец кој во август и септември минатата година крадел гориво, полицијата го уапси вчера. Тој од приватна фирма украл 300, а од ЈСП 150 литри гориво.

– На 05.06.2023, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(36) од Скопје. Тој се сомничи дека во август и септември 2022 година извршил три тешки кражби, при што од две товарни возила на приватна фирма и од автобус на ЈСП украл гориво. Во службен разговор во Полициската станица Кисела Вода тој признал дека на 16.08. и на 17.08.2022 во два наврати од цистерна на приватна фирма одзел вкупно 300 литри гориво и дека на 22.09.2022 од автобус на ЈСП одзел 150 литри гориво.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСветската оперска дива Ангела Георгиу ќе го отвори 63. издание на фестивалот „Охридско лето“
Следна вестСтотици необични објекти се наоѓаат во центарот на нашата галаксија