Тројца повредени во сообраќајка кај браната Калиманци, со возило излетале од патот

Вчера во 05.10 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека кај брана Калиманци патничко возило „фиат браво“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот В.С. од село Косевица, општина Македонска Каменица, излетало од коловозот, извести МВР.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Македонска Каменица, констатирани во Медицинскиот центар Штип, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник А.С.(19) од с.Луковица, општина Македонска Каменица, констатирани во Општата болница Кочани, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Претходна вестТешко повреден скопјанец, со товарно возило излетал од пат
Следна вестКривична против скопјанец, во Италија приложил фалсификувана возачка дозвола