Темен режим Режим на светлина

Искршен автомобилот на Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ

Тешко е демолиран автомобилот на Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Митева информацијата за демолираниот автомобил ја објави на Фејсбук и порача дека не можат да ја заплашат.

-Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано.

Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.

Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100 процентно уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има, наведе Митева.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Девет лица повредени во тешка сообраќајка кај Раброво, валандовско

Следна објава

Шприцови и дрога откриени кај двајца дебарчани