Темен режим Режим на светлина

Изминатото деноноќие изгаснати 19 пожари

Изутринава во земјава има четири активни пожари. Додека во изминатото деноноќие биле изгаснати 19 пожари на отворен простор.

Активни се пожарите во село Елово, во општина Студеничани каде гори нискостеблеста шума, село Мелница во Чашка гори букова шума, ниска вегетација е запалена помеѓу селата Ново Село и Долно Татеши во Струшко, додека во месноста викана Тепсија, во битолско, гори сува трева.

Изгаснати се 19 пожари и тоа во село Бучинци, населба Економија, на патниот правец Штип кон Неготино, штипската депонија, на патот Битола кон Логоварди, село Добромири, село Беранци, село Житоше, во прилепската фирма „Бимфуд“, сува трева во Дата Центар во градот Прилеп, село Дабнина, село Сарандиво, сува трева околу фабрика Чавле, помеѓу селата Гечерлија и Чанаклија, сува трева кај село Ваксинце, кај село Рамановце, во кумановската населба Карпош, како и кај селата Здуње и Чајле.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, како што беше и против членството во НАТО

Следна објава

Грција зафатена од пожари, две лица настрадаа