Солидарноста не се заборава: Училиште во турскиот град Малатија ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници имиња на македонските градови – …

Црвениот крст на Република Северна Македонија соопшти дека дел од собраните хуманитарни средства по катастрофалните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија ќе се наменат за изградба на училиште во турскиот град Малатија кој ќе го носи името на Северна Македонија, а 32-те училници ќе ги носат имињата на македонските градови.

Од хуманитарната организација информираа дека во акцијата за помош на настраданото население од земјотресите биле собрани нешто повеќе од 63 милиони денари. Од овие средства, речиси 51 милиони денари ќе се наменат за изградбата на новото училиште во Малатија, додека нешто повеќе од 12 милиони денари се испратени на сметката за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за помош на настраданото население во Сирија.

-Црвениот крст на Република Северна Македонија по направените преговори со Турската Црвената Полумесечина, на заеднички предлог, одлучи собраните хуманитарни средства во износ од 50.909.796 денари, да се наменат за изградба на училиште во градот Малатија. Новото училиште ќе го носи името на нашата држава, а 32 училници ќе ги носат имињата на градовите на нашата држава. Овој акт ќе остави траен белег и доказ за солидарноста на граѓаните на РСМ кон граѓаните на Република Турција, соопштија од Црвениот крст на РСМ.

Претходна вестГермански министер за финансии: Поминаа годините кога државната каса беше полна
Следна вестКај 15-годишник пронајдени осум украдени велосипеди