Синоќа околу 20 часот полициски службеници го привеле И.С.
(23) од селото Корешница, кој со „рено“ со кавадаречки регистерски таблички превезувал 30 мигранти.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава.
– Возачот се обидел да избега од местото на настанот, но бил лишен од слобода од страна на полициските службеници.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот, против И.С. ќе биде поднесена кривична пријава, информираат од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



