Темен режим Режим на светлина

Нов случај на педофилија во Скопје – 78 годишен сосед обљубил малолетно момче

По педофилскиот случај во Кисела Вода забележан завчера, полицијата вчера информира за уште еден случај на обљуба на дете во Скопје.

Имено, вчера попладне 56 годишен татко од Скопје пријавил дека соседот Д.П. (78) го обљубил неговиот малолетен син. Како што е наведено што пријава обљубата се случила во два наврати, на 25-ти и 30-ти септември оваа година.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку, 30 дневен куќен притвор завчера му беше одреден на 81 годишен скопјанец од Кисела Вода кој во својот дом допирал по интимата 9 годишно девојче кое било негов сосед. Тој ја искористил приликата во момент кога девојчето побарало услуга од него.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сончево и посвежо време со умерен ветер

Следна објава

Македонци од Израел пристигнаа во Тирана, евакуацијата продолжува