Од денеска стартува АБА2 лигата, Македонија ќе ја претставуваат три екипи

Од денеска, во Суботица, Србија, ќе стартуваат натпреварите во кошаркарската АБА2 лига, а Македонија сезонава ќе ја претставуваат МЗТ Скопје Аеродром, битолски Пелистер и ТФТ Моцарт. Вкупно 14 екипи се собрани во Суботица каде ќе се игра првиот т.н. „балон“ од второто, според квалитет, регионално натпреварување.

Во вкупно 13 кола, распределени на неколку турнири од кои првиот стартува денеска напладне, според „раунд-робин“ системот (секој со секого) ќе се бараат осумте најдобри кои ќе продолжат во плејофот, а потоа и до Местата кои водат во погорниот ранг – АБА лигата.

МЗТ важи како една од „најискусните“ екипи во ова натпреварување. „Металците“ важат како „повратници“ по неуспешната ланска сезона во елитната АБА во која не обезбедија опстанок. За ТФТ Моцарт и Пелистер беа дел од истото натпреварување и во изминатите сезони, па оттука се очекува тоа „искуство“ да го преточат и во добар резултат.

Во Суботица ќе се одиграат првите две кола, а најинтересниот дуел за нас ќе биде на програмата на 13 октомври, кога од 15.00 часот, еден спроти друг ќе застанат МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер.

 

Претходна вестНово превозно средство златен велосипед за „само“ 408 илјади долари
Следна вестФорум во Скопје – „Кина и Западен Балкан: перспективи и изгледи во новата ера“