Маж на возраст од 38 години вчера бил прегазен на крстосница во Битола. Додека во Штип била прегазена 20-годишна девојка.
– Вчера вечер во 20.19 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улицата „Прилепска“ и улицата „Караџова“ во Битола, патничко моторно возило „Форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 51-годишниот З.С. од Битола, удрило во пешакот 38-годишниот З.С. од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, информираат од МВР.
Додека 20-годишна девојка е тешко повреденa откако билa прегазена од возач во Штип.
Како што информира полицијата, вчера во 19.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, патничко моторно возило „опел мерива“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Л.(51) од Штип, удрило во пешакот С.Е.(20) од Република Турција, со привремен престој во Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Е., констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.