Темен режим Режим на светлина

Четири возила се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш

Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

Четири возила, од кои три патнички и едно товарно, попладнево се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш.

Од СВР – Штип ја потврдија сообраќајната несреќа без да соопштат подетални информации, со оглед што на лице место сè уште трае увидот и утврдувањето на околностите поради кои дошло до судирот.

Според првичните сознанија во сообраќајката нема загинати лица, а движењето на другите возила не е во прекин, односно сообраќајната полиција ги пренасочува.

Подетални информации се очекуваат по завршувањето на увидот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Несреќа на градилиште: 50-годишник пренесен во Скопје со тешки повреди

Мртов маж е пронајден во Спортско рекреативниот центар Сарај

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Нема никаква врска избор на Kомисија за соодветна и правична застапеност со балансерот