Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава за незаконско преземање на синдикатот

Од Независниот синдикат на професионални војници денеска соопштија дека вчера до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против 42 лица.

Како што велат, пријавата е за неколку криминални дела со цел на незаконски начин да се преземе правен субјект – Синдикат, а истата се однесува на 7 припадници на Армијата (од кои двајца претходно имаат кривична пријава за слично дело), еден поранешен припадник на безбедносните служби во Армијата, три лица вработени во Министерството за труд и социјална политика (Сектор за политики од областа на трудовото право и политики за вработување) и 31 цивилно лице кои учествувале во организирање и реализирање на незаконски дејства со цел да се изманипулираат институциите за да се промени овластеното лице на синдикат и да се придобијат на нелегален начин финансиските средства на синдикатот од членарината на вработените.

„Пријавените лица ги сториле кривичните дела „злосторничко здружување“ по член 394 од Кривичниот законик, кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“ по член 280 од Кривичниот законик и кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 од Кривичниот законик, сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и кривично дело „надриписарство“ од член 353 од Кривичниот законик и кривично дело „надриписарство“ од член 381-а од Кривичниот законик“, се наведува во нивното соопштението.

Претходна вестНезависниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против 42 лица за незаконско преземање на синдикатот
Следна вестСДСМ: Тошковски е неспособен за функцијата, му избега или го пушти Блерим Рамадани?