Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја честиташе изборната победа на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
-Срдечни честитки по повод изборот на Доналд Трамп за Претседател на Соединетите Американски Држави и многу успех во извршувањето на одговорната функција. Македонија како докажан пријател и партнер на САД ќе продолжи да ги поддржува американските и глобалните напори за мир, стабилност и безбедност, втемелени на потребата за правда, почитување на меѓународното право, на слободата и човечкото достоинство во светот, порача претседателката на нејзиниот Фејсбук-профил.
Таа е уверена дека во период што следи партнерството меѓу двете земји ќе биде унапредено и збогатено и дека САД ќе помогнат во исполнувањето на македонските стратешки цели.