СДСМ: Очигледно Мицкоски не оди во маркет

Додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека „Премиерот Христијан Мицкоски гордо изјави дека бил задоволен од ефектите од замрзнување на маржите односно од така наречената есенската кошничка со која цените се намалија за 0.1отсто“.

Со скапи и луксузни часовници од 50.000 евра на неговата рака, нагласуваат од СДСМ, ова големо задоволство кај Мицкоски  од историскиот успех на мерка со намалување на цените од 0.1 отсто може да биде од незнаење или од неинформираност.

-Очигледно Мицкоски не оди во маркет. Па затоа не видел дека нема намалени цени, дека на одредени производи има дури и зголемување. Дека белиот леб и натаму е 33 денари, цената на зејтинот од 78  се зголеми на 87 денари, на јогуртот од 72 на 81 денар. Или можеби не знае дека Државниот завод за статистика, математички прецизно го пресмета ефектот на мерката од којашто тој е задоволен: 0.1 отсто намалени цени на мало во октомври. Можеби не знае Мицкоски дека Синдикалната кошничка се намали за само 57 денари? Граѓаните живеат тешко и мајтапењето со нивните потешкотии се нерсериозни. Наместо да ја потценува интелигенцијата на народот и да си игра мајтап Мицкоски сериозно да си ја сфати улогата и да преземе нешто за високите цени.  Прво што треба да направи е да ги прифати предлозите на СДСМ за поголеми плати и укинување на ДДВ за храна, се наведува во соопштението од СДСМ.

Претходна вестТрамп се огради од републиканскиот стратег кој рече дека Крим ќе остане руски
Следна вестОколу две илјади бездомни кучиња во Вардарски регион, наскоро стартува хуманото прифатилиште