Земјотрес рано утрово ја стресе Македонија

Утринава, во 05.31 часот, е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 80 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, со Рихтерова локална магнитуда ML 3.0.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Дојран и во блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Претходна вестЕвропска недела на ХИВ тестирање
Следна вестДвајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници