На „Блек фрајдеј“ вооружен обид за кражба во „Нептун“ кај Градскиот стадион

Синоќа вечерва околу 20:30 часот, во продавницата за бела техника „Нептун“ кај Градскиот стадион „Тоше Проески“ се случи обид за вооружена кражба. Според првичните информации, неколку маскирани лица влегле во продавницата, упатувајќи закани кон вработените и клиентите, додека испукале неколку куршуми.

Очевидци сведочат дека разбојниците побарале дневниот промет сметајќи, извесно, дека тој е голем поради денот „Блек фрајдеј“, извикувајќи: „Вадете ги парите од касата, ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме.“

Полициски службеници веднаш пристигнале на местото на настанот и организирале потера низ Градскиот парк, која резултирала со приведување на двајца осомничени. Засега нема потврдени информации дали разбојниците успеале да го одземат дневниот промет.

-Единицата за интервентна полиција реагираше веднаш по пријавата, а двајца сторители се лишени од слобода. Во координација со Основното јавно обвинителство, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираа од полицијата.

Инцидентот предизвика вознемиреност кај минувачите и граѓаните во близина на арената „Тоше Проески“.

Претходна вестМомче нагрнато со албанско знаме ја откорнало таблата на Конзулатот на Србија во Куманово
Следна вестВечерва премиера во Штипскиот театар на претставата „Јас, на некое друго место“