Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ успешно дебитираше во дресот на Баерн Минхен, запишувајќи победа во своето прво појавување за германскиот гигант во Евролига.
Во рамките на 20. коло, на натпреварот одигран во Минхен, Баерн славеше над шпанската Басконија со 96:89. Со оваа победа, германскиот состав ја забележа својата седма победа сезонава, додека Басконија остана на шест триумфи.
Популарниот Нено на паркетот помина нешто повеќе од 17 минути, за кои постигна 8 поени, а настапот го надополни со по 4 скокови и 4 асистенции, оставајќи солиден впечаток во своето деби.
Баерн нема многу време за одмор, бидејќи веќе за два дена го очекува нов сериозен предизвик – гостување во Атина кај силниот Олимпијакос.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




