Попладнево беа одиграни неколку натпревари од 1/32 финалето на ФА Куп, а најголемо внимание привлече дуелот на „Итихад“, каде што Манчестер Сити без милост го совлада нисколигашот Ексетер со убедливи 10:1.
Натпреварот беше посебен и поради деби-настапот на Антоан Семењо во дресот на Сити. Новото засилување се запиша во листата на стрелците во 54. минута, со што го постави резултатот на 6:0 и го заокружи одличниот прв настап за актуелниот англиски шампион.
Интересно е што Ерлинг Халанд започна како стартер, но по првото полувреме, во кое не успеа да постигне гол, не се појави на теренот во продолжението од мечот.
Со оваа победа, Манчестер Сити испиша историја, бидејќи станува збор за еден од најефикасните натпревари на клубот во официјалните натпреварувања и една од најубедливите победи во неговата историја.
Изненадување приреди и елиминацијата на Кристал Палас, кој како актуелен освојувач на трофејот доживеа неочекуван пораз. Лондонскиот клуб беше елиминиран на гостински терен од шестолигашот Маклсфилд со резултат 2:1.
Драматично беше и на „Гудисон Парк“, каде што Евертон беше елиминиран од Сандерленд по изведување пенали. Домашниот тим доживеа вистински дебакл во пенал-серијата, промашувајќи ги сите три удари од белата точка.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


