Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со уцени сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев”, обвинителството да реагира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е под целосна контрола на Заев ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е под целосна контрола на Заев

Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче се обиделе да стекнат сопствеништво над болницата „Жан Митрев” за време на ковид-пандемијата, додека биле на власт, преку институционален притисок и уцени, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Самиот д-р Жан Митрев го потврди ова на ТВ Алфа.

Според неговото сведоштво, тоа се случувало во екот на судскиот процес против него, кога биле блокирани неговите лични средства и сметките на болницата, а му била воведена и забрана за продажба на удели.

Митрев изјави дека постоеле реални контакти, вклучително и „на писмено”, за преземање на болницата под пазарната вредност, во замена за олеснување или ослободување од обвиненијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство неселективно да ги истражи сите наводи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

На клиниката во Козле се лекуваат 70 деца, 10-тина се на кислородна поддршка, а на детската клиника хоспитализирани 20 деца со грип

Следна објава

Започна изградба на атмосферска канализација на улицата „Томе Арсовски" во Кисела Вода