Темен режим Режим на светлина

Кузмановски горд по триумфот над Романија: Покажавме дека можеме

Кузмановски: Оваа генерација заслужува уште еден пласман на СП Кузмановски: Оваа генерација заслужува уште еден пласман на СП

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, ги сподели своите впечатоци по драматичната победа над Романија од 24:23, остварена со гол во последната секунда од натпреварот.

„Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и ги задржаа теоретските шанси за пласман во втората фаза, но сигурно си обезбедија место меѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027.

– Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа. Психолошкиот притисок да бркаме разлика си го направи своето. Треба да бидеме свесни дека имаме квалитет за нешто повеќе и дека заслужуваме да бидеме во главната фаза. Горд сум на момците, покажавме дека можеме. Ако победевме со поголема гол-разлика, можеби ќе се надевавме на нешто повеќе. Во секој случај, треба да сме задоволни од прикажаното на овој турнир. Оваа генерација ветува уште поголеми резултати и тоа треба да го покаже на теренот – изјави Кузмановски.

Дали македонските ракометари ќе обезбедат пласман во втората фаза на ЕХФ Еуро 2026 ќе биде познато вечерва, по завршувањето на натпреварот меѓу кодомаќинот Данска и селекцијата на Португалија. За такво сценарио потребно е вистинско чудо – победа на Данска со 18 гола разлика. Натпреварот ќе се одигра во Хернинг со почеток во 20 часот.

Пред комплетирањето на последното, трето коло во Б-групата, Данска е лидер со четири бода, Португалија и Македонија имаат по три, додека Романија е последна без освоен бод.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Вчера лишени од слобода седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од нив двајца малолетници

Дивеење на автопатот: Возач од скопско казнет за брзина од 293 км/ч

Следна објава

Сонoт на Македонија згасна во Хернинг, Данска поразена од Португалија